Николовски: Акцискиот план против корупцијата носи одлучна и неселективна борба

0
592

„Планот што го подготвуваме за борба против корупцијата наскоро ќе биде објавен, до крајот на овој или почетокот на следниот месец.

Имаме уште неколку состаноци со граѓанските организации за да можат и тие да учевствуваат во подготовките. Ние со мојот тим сме четворица луѓе ставени во функција на инситуциите кои се борат со корупцијата, дали се институциите или се организации или регулаторни тела.

Имавме состанок со премиерот и го известивме што сме детектирале и што нудиме како решенија, ќе има посебна седница на влада за оваа тема, ќе имаме акциски план со еден широк фронт кој ќе застане против корупцијата, како и конркртени задолженија за сите институции, и сето ова покажува дека прашањето ни е на врвот на агендата.“- изјави вицепремирот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во „Утрински брифинг“ Според него процесот е напорен, но ако се има упорност и желба прашањето со корупција може да се реши.

„Јас како вицепремиер ја имам обврската да ги координирам сите процеси кои се криеле 30 години и тука зборуваме за менталитетот, навиките, дискреционите права, заробените инстиуциуи кои не функционираа, и сите лоши оценки кои ги имаме се последица на тоа, секако мораме да ги поправиме работите.

Токму затоа денес зборуваме дека на дневен ред се дојдени овие теми поврзани со криминализацијата на државата.“- рече Николовски.