ТРЕНДАФИЛОВ : ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ЗА ДА СИ ГО ВРАТИМЕ РАБОТНИЧКИОТ ДОМ

0
94

Претседателот на ССМ Слободан во емисијата 24 анализа рече дека ја добиле пресудата на конфискација на работничкиот дом кој 70 години е на работниците и е изграден од синдикалната чланарина на работниците. Одлуката за одземање на Работничкиот дом, тие, како што рече сакаат да ги охрабрат судиите во Врховниот и во Основниот граѓански суд, да го применат правото.

– Причината за утрешниот поротест е заради тоа што од таму ги почнавме сите процеси, ги почнавме сите штрајкови и сме ги донеле сите важни одлуки и одиме пред Врховниот суд. Таму треба да се донесе правична одлука домот да се врати на работниците. Ова е единствен случај во светот.

Очекувањата се дека најдоцна до 1 мај кога имаме покана за граѓанскиот суд за барање за повторување на постапката и тој ќе го препрати на 18 април. Пресудата ја темелат на слободно судиско убедување. Решени сме до крај да ја тераме постапката и нема да отстапиме од нашите барања. Пресудата се темели на слободно судско убедување и на закон од 1998 година за здруженија и фондации. Тројцата судии ја злоупотребиле својата моќ и ја донеле оваа срамна одлука на штета на целото судстсво во земјава. Очекуваме и знаеме дека има разумни луѓе во Врховниот и во Основниот граѓански суд каде имаме поднесено барање за повторување на постапката, рече Трендафилов.