Утре ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА и во Хаг, Холандија

0
883

„Дел од “хулиганките” и “хулиганите” во Холандија, сакајќи си ја Македонија и срамејќи се од нејзината влада и претседател, утре ќе празнуваме протестирајќи во солидарност со сите вас кои секој ден веќе две недели ја градите идната праведна Македонија. Ќе се собереме во совршена симболика – пред Палатата на мирот каде седиште има Меѓународниот суд на правдата“, стои во повикот за протест објавен на Фејсбук.