(ВИДЕО) Петровска : Институциите да го истражат финансискиот скандал на ВМРО-ДПМНЕ со германскиот пратеник

0
744

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Скандалот со сомнително финансирање консултанти во 2016 И 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка, вчера индиректно го призна ВМРО-ДПМНЕ.

Сега е многу важно надлежните институции во нашата земја да постапат.

Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат овој случај и да ја информираат јавноста за наодите.

Особено што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се поврзува со сомнителни финансии и трансфери.

Клучни прашање на кои истрагата треба да даде одговор се: од каде се овие пари и на кој начин се исплатени?

Според пишувањата на германските медиуми, Шпигел и Фокус, станва збор за петоцифрена сума, 50.000 евра кои му биле исплатени на германскиот пратеник за консултантски услуги.

Дали овие пари се пријавени во финансиските извештаи и завршните сметки на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 и 2017 година?

Кој е одговорен?

Христијан Мицкоски кој во тоа време бил советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе на јавноста и да одговори на овие прашања.

Пратеникот од Христијанско-социјална унија ЦСУ, Тобијас Цех веќе поднесе оставка поради услуги за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“

Ако пратеник поднел оставка во Германија што чекаат од ВМОР-ДПМНЕ?

Или ќе се кријат како Антонио Милишоски што се уште се крие за пресудата во Германија?

Христијан Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата што ја предводи.