Николовски: Не е лесно, ама заедно со граѓаните ќе успееме да ја победиме корупцијата

0
657

„Јас како вицепремиер ја имам обврската да ги координирам сите процеси кои се криеле 30 години и тука зборуваме за менталитетот, навиките, дискреционите права, заробените инстиуциуи кои не функционираа, и сите лоши оценки кои ги имаме се последица на тоа, секако мораме да ги поправиме работите.

Токму затоа денес зборуваме дека на дневен ред се дојдени овие теми поврзани со криминализацијата на државата.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, на „Утрински брифинг“.

Дополни дека во тек е формирање на широк фронт за борба против корупцијата за да може оваа важна тема да стане приоритетна за сите во општеството. „Ние сме тим од четворица луѓе ставени во функција на инситуциите кои се борат со корупцијата, дали се институциите или се организации или регулаторни тела.

Имавме состанок со премиерот и го известивме што сме детектирале и што нудиме како решенија, ќе има посебна седница на влада за оваа тема, ќе имаме акциски план со еден широк фронт кој ќе застане против корупцијата, како и конркртени задолженија за сите институции, и сето ова покажува дека прашањето ни е на врвот на агендата.

Тежок е процесот, но ако сите се посветиме, ќе ги решаваме случаите со корупција.“- изјави Николовски.