Заев и активисти на СДСМ и денеска на терен за помош во погодените региони

0
1437

И денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, известуваат од партијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.

Активностите коишто ќе ги предводи претседателот Заев започнуваат во 11.30 часот, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Акциите за помош продолжуваат во населените места Стајковци, Економија, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделена и хуманитарна помош во сите погодени подрачја, известуваат од СДСМ.