НЕМА ДОГОВОР ПОМЕЃУ СРБИЈА И БРИСЕЛ, ЗА БЕЛГРАД РЕШЕНИЕТО Е ПОНИЖУВАЧКО : ВЕЧЕРВА ВУЧИЌ ЌЕ И СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА

0
526

„Понижувачко“ решение утринава ѝ е понудено на Србија во Брисел, на состанокот на Европската унија со српскиот претседател Александар Вучиќ и Албин Курти, вели извор запознаен со текот на преговорите. Предложеното решение треба да дерогира од Бриселскиот договор, решение кое Србија, според изворот, не може да го прифати. Очигледно нè очекуваат тешки и неизвесни денови, особено на северот на Косово и Метохија – вели изворот.Се очекува вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ да се обрати до нацијата, дознава српски Блиц.

За потсетување, во девет часот во Брисел започна средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со високиот претставник за надворешна политика Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел претходно од осум часот имаше одвоена средба со премиерот на Приштина, Албин Курти.Фокусот на дијалогот, кој ќе се одржи со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, според соопштението од Брисел, ќе биде да се избегне понатамошна ескалација и тензии на теренот, со акцент на регистарските таблички и враќањето на Србите до институциите. Неопходно е да се запре со постојано управување со кризи и да се оди кон нормализација на односите, изјави синоќа шефот на дипломатијата на ЕУ.

Претседателот Вучиќ, сепак, не е оптимист и не мисли дека ќе се постигне договор во Брисел. Тој ја оцени ситуацијата на Косово и Метохија како најтешка во последните 10 години и истакна дека проблемот не е само во регистарските таблички. Вучиќ изјави и дека не сака да дозволи некој да каже дека Србија не сакала да учествува во разговорите. Српскиот лидер се надева дека нема да има конфликт во јужната покраина, нагласувајќи дека мирот зависи само од меѓународната заедница и дали тие ќе извршат притисок врз Приштина. Претходно, Жосеп Борел предупреди и на можна ескалација, велејќи дека рокот што го постави Приштина не смее да се испочитува без договор „или ќе бидеме на работ на многу опасна ситуација“.

Тензиите на Косово и Метохија се зголемија поради најавата на Приштина дека од утре ќе почне да ги казнува сопствениците на возила со српски регистарски таблички и покрај апелите на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, кои упатија неколку повици до Курти да го одложи спроведувањето на одлуката за табличките, но и да го почитува Бриселскиот договор.

Србите на север не сакаат да ги менуваат српските таблички на акронимите на градовите во Косово и Метохија. Тие велат дека тоа им е една од последните врски со централна Србија. Затоа, но и поради одбивањето на Приштина да го спроведе Бриселскиот договор и да формира Заедница на српски општини, пред две недели Србите на Косово ги напуштија институциите во Приштина и на северот на Косово и Метохија. Mеѓу тие што заминаа имаше и 500 полицајци. Оттогаш патролите на ЕУЛЕКС се на северот на улиците, а последниве денови нивното присуство е засилено.