(ВИДЕО) Шилегов: Имаме План за живот и во реканскиот крај!

0
1212

Маките во Дебар се исто големи како и секаде, особено прашањето за иселувањето на младите. Социјалдемократскиот сојуз токму заради тоа и го состави Планот за живот во Македонија, да ги задржиме младите да живеат овде, во ова прекрасно место, рече носителот на листа на Коалицијата на СДСМ, во Изборната единица 6, петре Шилегов..

Да ја изградиме инфраструктурата достојна на дебарчани. Да не ги кршат ниту автомобилите по патот по кој што возат, ниту пак да имаат проблем со комуникацијата.

Дебар мора да биде поврзан со остатокот од Македонија со една современа, со една современа сообраќајница.Во овој крај баш со изградба на таа инфраструктура ќе можеме да помогнеме да се развие и туризмот, да се развие еколошкиот туризам, баш заради толку прекрасната природа која што ја имаме.

И да ги задржиме и младите, да на младите им дадеме и волја и сила и да ги поттикнеме да отвараат сопствени бизниси. Токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во сопствената програма предвидува 10.000 евра, неповратна помош за најдобрите бизнис идеи – рече Шилегов.