ЕКСКЛУЗИВНО: ОБВИНИТЕЛИТЕ ПОДНЕСОА 21 ЖАЛБА ПРОТИВ СУДСКАТА ОДЛУКА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

0
1174

До крајот на работното време на судот обвинителите од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесоа 21 жалба против одлуката на судот да се издвојат снимките од предметите за прислушувањето, информира Фокус.

obvinitelstvo

Откако судијата на претходна постапка Славјанка Јанкоска донесе одлука со која тврди дека снимките се обезбедени на незаконит начин обвинителите очигледно не можат да се согласат со таквата констатација.

Ако се земе предвид дека има вкупно 27 предмети кои се однесуваат на прислушувањето, тогаш со бројката од 21 жалба се потврдува дека поголем дел од обвинителите се против обидот на судот пред нив да истрча со оценка за случајот. Ако пак се знае дека рокот за жалби истекува на полноќ тогаш е можно да стигнат жалби по сите предмети.

(…)

Се открива дека се прават споредби со меѓународни пресуди, а се цитираат и конвенции за човекови права. Од утре судот ќе мора да ги извести адвокатите на засегнатите, во случајов високите функционери на власта, за тие да се изјаснат во однос на жалбите. Потоа Апелациониот суд ќе одлучува кој е во право- дали судот или обвинителството.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ