РАМА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ : БРАЌА МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ, ПРИФАТЕТЕ!

0
712

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Твитер налог упати порака до македонските власти да го прифатат последниот француски предлог за решение со соседна Бугарија.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во МВ: Прифатете!“, напиша Рама.