НА НАСЕР ЗИБЕРИ БИ МУ БИЛО ПРЕДИЗВИК ДА БИДЕ ПРЕМИЕР, НО ВЕЛИ ДЕКА ТЕХНИЧКИОТ МАНДАТ НЕ НУДИ ПРОСТОР ЗА ВЛИЈАНИЕ

0
506

Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ рече дека премиерскатата позиција за него е „предизвик и можност“.

На парламентарните избори во 2020 година, Демократската унија за интеграција (ДУИ) настапи со слоганот „Pse jo?“ (Зошто не?), алудирајќи на можноста за премиер за првпат да биде избран Албанец.

ДУИ тогаш го форсираше Насер Зибери како кандидат за премиерската позиција, но тој по изборите беше избран за народен правобранител, што многумина го протолкуваа како „утешна награда“ за улогата на политичарот-ветеран во кампањата.

Зибери вечерва рече дека сепак, периодот за кој станува збор (технички мандат во последните 100 дена од мандатот на актуелната влада, според „пржинскиот“ договор) „не дава многу простор за важно да се влијае“.„Да, јас бев кандидат за прв премиер-Албанец. Изборите завршија, резултатот од преговорите за составување на парламентарно мнозинство и коалиција се познати, така што останува периодот за кој е договорено да биде именуван првиот премиер-Албанец“, вели Зибери.

Тој додаде дека сепак сѐ уште не одлучил дали ќе ги прифати ваквиот евентуален ангажман. За ова, Зибери разговарал со со лидерот на ДУИ Али Ахмети, при што се договориле „кога ќе дојде тој период, да видат што е најдобро за граѓаните“.