КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА : ВЛОЖИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КАПИТАЛНИ ДОНАЦИИ ВО НЕКОЛКУ ОПШТИНИ, А ЦЕЛТА НИ Е НАРЕДНАТА ГОДИНА СИТЕ ОПШТИНИ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ОВАА ПРОГРАМА

0
243

Колективниот договор од 2️⃣0️⃣1️⃣9️⃣ година е еден од подобрите колективни договори во регионот. Зголемувањето на платите во областа на културата ќе продолжи. Културните работници претставуваат амбасадори, наши промотори во државата и надвор од неа, а јас се залагам нивните плати никогаш да не бидат доведени под знак прашалник.

Ги повикувам пратениците час поскоро да ги усвојат предлог-законите за употреба на македонскиот јазик и измените на Законот за игри на среќа со кој го решаваме недостигот на стручен кадар во заштитата на културното наследство и нивно вработување.

Универзална сала е сѐ уште во владение на град Скопје, очекувам без никакви политички калкулации, Градот да ја прифати Одлуката на Советот во целост и да ја пренесе надлежноста за реконструкција на Министерството за култура.