СДСМ : ОСВЕН АПАСИЕВ ДА ГО СЛЕДИ МИЦКОСКИ ДРУГ ПЛАН НЕМА, ЗАТОА ГО ЧЕКААТ НОВИ ПОРАЗИ

0
383
Мицкоски уште еднаш покажа дека е само обичен заложник на Димитар Апасиев и Левица, класичен антиевропски политичар.
Освен да го следи Димитар Апасиев во секојдневен натпревар за блокади и кочење на државата Христијан Мицкоски друг план нема.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата.
Затоа ниту збор од Мицкоски не слушнавме за успешното справување со енергетската и економската криза, за покачените плати и пензии, за рекордниот износ на странски инвестиции.
Пропаднаа сите најави на Мицковски и Левица државата наскоро ќе пропадне, ќе нема доволно струја, гас, бензин, дека ќе има рестрикции на струја, прекини и недостиг на храна во супермаркетите.
Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија која забрзано се опоравува од кризата. Инфлацијата е зауздана, а политиките на Ковачевски ги намалуваат цените на лебот, тестенините, млекото, месото, јајцата.
Дополнително, денеска Христијан Мицкоски призна дека со месеци го лажеше народот и своето членство дека има 61 пратеник и ќе го распишти Собранието оваа пролет. Наместо распуштање имаме зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.
СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат.
Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази.