НАЈБОГАТИТЕ РУСИ СЕ ОСИРОМАШИЛЕ ЗА ВРТОГЛАВИ 83 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

0
461

Богатството на најбогатите руски бизнисмени е намалено за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година, покажува објавениот индекс на милијардери на „Блумберг“. Според пресметката, богатството на Владимир Потањин, претседателот на холдингот „Интерос“ и рударската компанија „Норникел“, сега изнесува 29,8 милијарди долари, што е за 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината, пренесува Тас с.

Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на „Новатек“, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари. Алексеј Мордашов, претседателот на Управниот одбор на „Северстал“, сега има 21,1 милијарди долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.

На листата се најдоа и претседателот на Управниот одбор на „НЛМК“, Владимир Лисин со богатство од 20,2 милијарди долари по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на „Лукоил“ Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, и сопственикот Алишер Усманов на „Металоинвест“ со загуба од 3,38 милијарди долари.

Акционерот на „Новатек“ Генадиј Тимченко загуби 8,35 милијарди долари, додека поранешниот неизвршен директор на производителот на ѓубрива, групацијата „EuroChem“, Андриј Мелниченко загубил 3,88 милијарди долари во изминатите десет месеци.