КУЗЕСКА : ДПМНЕ СО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА НУДАТ ВРАЌАЊЕ НАЗАД ВО ИЗОЛАЦИЈА, ДАЛЕКУ ОД ЕУ

0
306

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат  шанса да го изберат правецот на државата.

ДПМНЕ нуди само назад, да бидеме повторно заглавени 11 години без било каков напредок.

СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.

Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина.

СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше.

Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ.

Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме.

Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје.

ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.

Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.

Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.

Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции и европска иднина!