ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАНТОВИ ДО 500 ЕВРА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ХАРМОНИЧНИ И МУЛТИЕТНИЧКИ ВРЕДНОСТИ

0
365

Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

„ Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент“, стои во соопштението од Министерството. Аплицирањето трае до 9 декември.