(ВИДЕО) Сугарески : ВМРО-вците продолжуваат да ја лажат јавноста, автопатот Демир Капија – Смоквица е стопиран поради столб на МЕПСО од 400 киловолти!

0
1636

Sugare“ Сакам во целост да ги отфрлам грубите лаги и невистини од страна на неспособното и расападнато ДПМНЕ во однос на грубите изнесени информации за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица

Ниту владата на СДСМ,  ниту јас како ресорен министер ја кочиме изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Како што наведуваат, станувало збор за банални причини. Апсолутно не станува збор за две банални причини, туку за две сериозни причини.

Првата причини се однесува за изградбата на контролниот центар во Неготино каде што Јавното претпријатие за државни патишта има поднесено некомплетна документација до Министерството за транспорт и врски. Денеска со службите ги гледавме тие материјали и станува збро за документација со пропусти во делот на геодетскиот елаборат за нумерички податоци, сопственоста во имотниот лист како и решението за времен режим на сообраќај.

Втората причина не се работи за дислокација на електричен столб како што велат од распаднатото ДПМНЕ. Се работи за дислокација на 400 киловолтниот далновод од МЕПСО, кој што преку комплетна документација преку ЈПДП требало да биде доставено до Министерството за транспорт и врски се со цел ние да издадеме одобрение за дислокација.

Исто така ако станувало збор за банални причини, рокот за изградбата на тој автопат беше до 31 мај 2017 година, тогаш тие банални причини требало да ги решат наеднаш се со цел денеска де се вози тој автопат.  Затоа апелирам и до ЈП за државни патишта и до МЕПСО да достават комплетна документација до Министерството за транспорт и врски со цел побргу да се постапи по нив со што ќе биде изграден контролниот центар и ќе биде дислоциран 400-киловолтниот далновод од МЕПСО, а со крајна цел да биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица”, изјави министерто за транспорт и врски Горан Сугарески.

На новинарско прашање кога ќе биде пуштен во употреба автопатот, министерот Сугарески изјави:

“Доколку до крајот на овoj месец, овие две институции кои ги наведов ги достават докумнетите, Ние ќе постапиме се со цел некаде до 10 декемvри да биде пуштен во употреба  и да  се спроведат тие работи кои што согласно документацијата за барањето за одобрение што министерството го издава.

За да издадеме одобрение за градба било која институција во државата вкличувајќи ги и приватните институции,  мора да поднесат комплетна документација. Овде се работи за институција која има склучено договор со изведувачите и мислам дека теба да има посериозене пристап во обезбедување  на таа документација. Инаку тврдам дека не постои министер ниту било кој човек кој ќе потпише одобрение за градење без комплетна документација, јас тоа нема да го направам. “ изјави министерот Сугарески.