ВОВЕДУВАЊЕ МИР СО 8 ПОТЕЗИ – ЗАПАДОТ СМИСЛИ ПЛАН ЗА ДЕЕСКАЛАЦИЈА НА СИТУАЦИЈАТА НА СИТУАЦИЈАТА ВО КОСОВО

0
760

Во првата точка пишува дека е потребно итно застапување за толкување на Основниот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во Охрид, особено во точките 1, 3, 7 и 9.
Деескалацијата на оваа ситуација беше тема вчера во Кишињев на Самитот на Европската економска заедница, кога на иста маса се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Косово, Вјоса Османи, заедно со лидерите на ЕУ, Германија и Франција. Недолго потоа пристигна конкретен план за итна деескалација на ситуацијата, а негови автори се земјите од Квинтата и Европската Унија, пишува „Албенијан пост“. Тој има вкупно осум точки.

Во воведниот дел се наведува дека до значителна деескалација може да дојде само со враќање на косовските Срби во институциите и нивно учество во демократските процеси.Исто така, се вели дека ЕУ и Квинтата (САД, Германија, Франција, Италија и Велика Британија) ја преземаат одговорноста за водење на процесот. Исто така, се наведува дека во секој чекор од процесот, конструктивно се ангажираат владите на Србија и Приштина, политичките партии на косовските Албанци претставени во новоизбраните општински тела и политичките партии на косовските Срби.

Точка 1

Како што наведува весникот, во првата точка пишува дека е потребно итно застапување за толкување на Основниот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во Охрид, особено во точките 1, 3, 7 и 9.
Членот 1 од тој договор, инаку, бара од страните да развиваат нормални односи. Член 3. дека сите спорови треба да се решаваат по мирен пат. Членот 7 кој се однесува на создавање на самоуправни општини со српско мнозинство на Косово, како и член 9 каде и двете страни и донаторите се обврзуваат да креираат финансиски пакети за економски развој.