СПАСОВСКИ : ЦО НА СДСМ ГЛАСАШЕ ЗА ПОГОЛЕМО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО ЗА РЕФОРМИ, ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ И ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ

0
454

Вечерва на седница на Централниот одбор на СДСМ беше овластен претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Со принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

Во услови кога се уште светот е во енергетска и економска криза, стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.

Создаваме услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Поголема поддршка добива планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи.