Нови 54 случаи на COVID-19, починаа 6 пациенти

0
943

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г), информираат од Министерството за здравство.

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на COVID-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 908 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 329, Куманово – 236, Дебар – 49,    Штип-28, Прилеп –85,Тетово – 38, Струга – 43, Велес – 34,  Битола – 9, Охрид –4, Кавадарци – 3,      Гостивар –9,  Гевглелија – 4, Струмица – 2,  Крива Паланка-3, Радовиш – 4,  Крушево – 3, Кочани – 22,     Пробиштип – 2 и во   Кичево – 1 пациент.

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста.

Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат два позитивни теста.

Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на COVID -19, соопшти Министерство за здравство.