ФРЧКОСКИ : ИЗГРАДИВМЕ СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВРЕДНА 10 МИЛИОНИ ЕВРА – ДОМ ЗА 312 СЕМЕЈСТВА НА НАШИ СОГРАЃАНИ

0
376

Изјава за медиуми, Јон Фрчкоски, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Почитувани,

СДСМ инвестира во современа инфраструктура но се грижи и за ранливите граѓани.

Се наоѓаме во општина Бутел во Скопје, ова зад мене е најголемата социјална зграда во државата.

Оваа зграда не е само капитален објект, таа е дом за 312 семејства на наши сограѓани.

Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да помогнеме на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост.

На оние на коишто им е неопходен дом.

Затоа што за СДСМ сите се важни, грижата за сите е важна. Инвестираме во инфраструктурата но се грижиме и за оние на кои помошта од државата им е неопходна.

Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава -споменици од Скопје 2014.

Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците.

СДСМ не сади жални врби и палми во Вардар туку вложува во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме.

И во светска економска криза, Владата предводена од СДСМ покажа дека може да се инвестира.

Вакви социјални згради изградивме ширум републиката.

Во изминатите 4 години, изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови.

СДСМ ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата, ќе продолжи со вистинска грижа за сите.