(ВИДЕО) Филипче: Модуларната болница во Прилеп ќе биде во системот на целокупната прераспределба и ќе пружи соодветна болничка заштита на сите пациенти

0
1030

„Вакцините се здрави, проверени, меѓународно тестирани и граѓаните ќе ги примат оние вакцини кои одговараат на нивната старосна група и на нивната здравствена состојба. Колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател пандемијата од КОВИД-19“, порача Заев во својата изјава за медиумите за време на посетата на прилепската болница.

Министерот за здравство Венко Филипче од своја страна рече дека модуларната болница во Прилеп е еден од деветнаесетте објекти, кои ги поставивме за рекордно кратко време.

„Во болницата во Прилеп, во изминатиот период навистина многу инвестиравме. Примени се над 100 вработени лекари и медицински сестри без кои тешко овој удар ќе можеше да се амортизира и да се даде здравствена услуга.

Беше направен нов ургентен центар и оваа година инвестициите ги заокружуваме со тоа што Прилеп за прв пат добива апарат за магнетна резонанца“, информираше министерот Филипче.

-Оваа болница е целосно опремена со централен довод на кислород и има услови за лекување на сите пацинети кои се заболени од ковид. Таа ќе биде во системот на целокупната прераспределба, пренамена на креветите во болницата, се со цел да се пружи соодветна болничка заштита на сите пациенти. Во болницата во Прилеп изминатите 2,5 години навистина многу инвестиравме примени се над 100 вработени лекари, медицински сестри без кои тешко овој удар да можеше да се амортизира и да се даде соодветна здравствена услуга. Беше направен нов ургентен центар со што се смени пристапот во давањето на стручниот дел на лекарската услуга кај итните пациенти и оваа година тоа го заокружуваме со тоа што Прилеп за првпат добива апарат за магнетна резонанца што ќе служи за соодветна дијагностика односно пациентите понатаму нема да мора да патуваат во другите градови или во Скопје за оваа услуга. Уште еднаш честитки на менаџерскиот тим, на сите вработени, за се тоа што прават досега. Верувам дека сега околу пикот и оваа недела сега следната се критичните неделни, ние сме во целосна координација и во рамките на територијата на цела држава во координација со директорите при распределба на пациентите согласно тежината на клиничката слика се прави во целосна координација – изјави Филипче.