БУБАШВАБАТА ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ ГЛУМИ РАМБО: ЌЕ СЕ БОРАМ ДО ПОСЛЕДНА КАПКА КРВ ПРОТИВ ЛУДАЦИВЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МЕ ЗАТВОРААТ КОЛКУ САКААТ, НЕМА ДА МЕ СПРЕЧАТ

0
1152

Еден од медиумските пропагандисти на ВМРО-ДПМНЕ кој што парадира како новинар, Љупче Златев гостуваше во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа и одново почна да обелоденува големи скандали на СДСМ како владеачка партија.

На почеток почна да држи лекции за морал во политиката и новинарството земајќи се самиот како пример кој што не можат да го купат за пари туку само со вредности и етика. Истовремено го обвини СДСМ за коруптивни зделки и именувања на функционери и дека никогаш не би си дозволил луксуз да биде купен од нив за да ги штити медиумски. Притоа се претстави како борец за правда и за правичност и дека дел од неговата етика е да ги разоткрива сомнежите за било каква нелегална активност на владеачките структури. Се прашуваме каде беше Љупче Златев во време на екс режимот и зошто ниту еднаш не писна за бројните криминали и злодела за кои што до ден денес се водат правни постапки по судовите.

Се обиде и да го клевети вицепремиерот Љупчо Николовски кој што требал да се бори против криминал и корупција а за не за криминал и корупција. Како аргумент за тоа, наведе дека во еден ден бил да снима видео материјал во Крива Паланка дури 9 часа со цел на јавноста да и’ прикаже како се шверцувале 100 тони тутун за личен ќар на Николовски и неколку негови соработници кои што потоа биле поставени за одговорни во царината поради успешно завршената работа.

Неизбежно беше и да се пожали на наводната тортура кон новинарите од страна на лица и функционери од СДСМ бидејќи го спречувале во неговата работа да ја информира јавноста за тековните случувања. Во комичен изблик на емоции рече дека ќе се борел до последна капка крв против корумпираната власт на СДСМ, колку сакале нека водат процеси против него, нека го затвораат и нека јадат живи луѓе ама тој немало да потклекне пред тие уцени и заплашувања.