МИЦКОСКИ ШПАРТА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА И ШИРИ АНТИ ЗАПАДНА ПРОПАГАНДА, ЗАПАДОТ ГО НАРЕЧЕ СТОПАН А МАКЕДОНЧЕТО ПО АВТОМАТИЗАМ ГО НАПРАВИ ОВЦА СО ВОЛНА ЗА СТРИЖЕЊЕ

0
501

„Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да!

Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете.

Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее“, изјави Мицкоски од Кичево.