МИЦКОСКИ ОД КИЧЕВО ИМ ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА АГЕЛЕР И НА ЗАПАДОТ : НЕМА ДА НЕ СКРШАТ И ДА СЕ ИЗГЛАСААТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
1038

Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат, рече Мицкоски

Кога и да се случат изборите, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори. И тогаш ќе дојде крајот на оваа ненародна власт, но и крај на нивните мали мизерни политички кариери, порача вечерва од Кичево лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека има поддршка од народот каде и да оди низ државата.

„Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете. Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија треба да се води чесно и дека нема време за бизнисмени во политика.

„Нема веќе тоа да го има. Секој оној којшто мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема тоа да го има“, нагласи Мицкоски.

Тој се осврна и на уставните измени кои предвидуваат внесување на бугарскиот и други народи во Уставот, а кои се неопходни за С Македонија да ги продолжи преговорите со Европската Унија, и повика на обединување со цел победа на следните избори.

„Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат. Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој укажа дека е потребна победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирање на Влада без уцени.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да го брани и одбрани можеби еден од  најмалубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ. И колку да ви кажуваат било какви романтични предлози и идеи дека ќе направиме вака и така, верувајте тие ве мамат“, нагласи Мицкоски.