КОВАЧЕВСКИ : ЛИСТАТА ЗА ТРИКАФТА ЈА ПРАВАТ КЛИНИКИТЕ СПОРЕД СОСТОЈБАТА, УШТЕ ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ГО ДОБИЈАТ ЛЕКОТ НАСКОРО

0
470

Досега обезбеден е лек само за најкритичните пациенти со цистична фиброза, а се надеваме со законските измени наскоро ќе го донесеме лекот за сите пациенти на кои им е потребен. Ова го посочи премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција при што посочи дека наскоро лекот ќе го добијат уште четири пациенти во земјва.

– Јас сум многу јасен, дека прво обезбедивме лек согласно анализите на Министерството за здравство, согласно Детска клиника и клиниката за пуломологија за итна набавка на лек за најкритичните пациенти. Тие ги идентификуваат дека итни се осум пациенти, и добро е што добавувачот успеа да го донесе лекот и пред тие триесет дена колку што требаше да се произведе лекот – кажа Ковачевски.Премиерот дополни дека законските измени се прават бидејќи Тикафтата е лек кој се производува од еден производител, нема друг производител, само тој го има патентот.

– Држави во своите закони предвиделе дека кога лекот го произведува само еден производител, државите директно, преку министерство или фондот за здравство или другите институции, бидејќи ако оди преку посредници расте цената на лекот. Правите тендерска постапка само за еден лек. Сега се прават измени, направени од професори од медицински факултет, заедно со вработени во министерството, и се надевам дека тие измени набрзо ќе поминат во Собрание, со што ќе се создадат услови за набавка на лекот за сите паценти. Листата на пациенти кои треба да добијат лек ја имаат соодветните клиники кои се грижат за нивното здравје и врз основна на анализите кои ги прават знаат на кој пациент кој лек им е потребен.

Со оглед на сумата по која се набави лекот, покрај овие осум најкритичини пациенти, наскоро ќе се набави за уште четири пациенти, а се надеваме многу скоро со законските измени за сите пациенти кои имаат потреба од лекот – потенцира Ковачевски и додаде дека имал средба со членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза, кои изразиле благодарност за набавката, и е среќен што за кратко време беше обезбеден лек за најкритичните пациенти, а се надева наскоро за сите кои имаат потреба од него.