(Видео)Цацко од К-15 со поддршка за Генерал Ангелов, пред МРТВ порача: Заедно да направиме работите да тргнат на подoбро!

0
1133

bubo 1

Бубо Каров, член на поранешното популарно хумористично телевизиско шоу „К-15“вечерва го поддржа генералот Стојанче Ангелов на мирниот протест пред македонската радиотелевизија и порача дека чувствува долг да направи сѐ што може да ја врати телевизијата во функција на објективно известување на граѓаните.

-Сакам да направам мала споредба зошто сме тука и како изгледаме пред оваа зграда на чело со Стојанче.Тоа е исто како да одиме дома да протестираме пред сопствената порта за некој да нѐ пушти внатре да се избањаме и да се одмориме во сопствениот дом и да си разговараме за сѐ она што нѐ тишти, што ни е проблем и што сакаме под најнормални услови да го смениме…Ние сме работеле тука и ние оваа куќа ја чувствуваме како своја и чувствуваме долг барем со поддршка да направиме нешто работите да тргнат на подобро, рече Каров во својот говор.

Освен Бубо Каров, вечерва поддршка на Ангелов му дадоја и актерката Ирена Ристиќ, новинарите Борјан Јовановски, Ацо Кабранов, Јорданка Ивановска–Јоци, Сашка Цветковска, како и околу стотина граѓани и приврзаници на партијата „Достоинство“.

Видеото со обраќањето на Бубу Каров може да го погледнете ОВДЕ(Нова)