НАШАТА ПРАВНА И СОВРЕМЕНА ДРЖАВА ИМА НАМЕРА ДА ГО ЛОВИ ГРУЈЧЕ И ДО С.КОРЕЈА ДОКОЛКУ ПРЕБЕГА АКО ТРЕБА – Заев : Правдата ќе го стигне и бегалецот Груевски

0
2169

Во интервјуто за МИА, премиерот Зоран Заев зборува и за предметите на СЈО, но и за тоа дали и тој како министерот Оливер Спасовски верува дека екс премиерот Никола Груевски ќе биде вратен во земјата за да ја одлежи затворската казна.

-Предметите на СЈО не се во најава, туку сега, после изгласаниот Закон за јавно обвинителство и после одлуката на Уставниот суд предметите подигнати и водени од СЈО добиваат институционална и законска рамка за правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта. Токму повлекувањето на аболицијата и нејзината уставност, беше сламката на спас на обвинети, но и осудени лица од предмети на СЈО. Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Време е за ред, правда и дисциплина на сите нивоа. Време е надлежните институции, судовите, обвинителствата да се водат по законите и да испорачаат правда за сите отворени предмети, особено за оние кои се однесуваат на висока корупција и политички криминал, вели Заев.

За бегството на Груевски пак вели:

-Правдата ќе го стигне и бегалецот од правдата Груевски. Република Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Одговорност мора да има и ќе има, за секоj што ги прекршил законите без разлика на неговата сегашна или мината функција, без разлика на неговата партиска припадност, вели Заев.