ЕУ НИ ГИ ПОТКОПУВА НАШИТЕ НАПОРИ ЗА ДА ГИ УБЕДИМЕ ЕВРОСКЕПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: ТРЕБА БУГАРИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО НИВНИОТ ЛАЖЕН МИТ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

0
780

Во емисијата “Само вистина” на Канал 5, беше гостин лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.

Бидејќи има студирано во Софија, тој е во тек со случувањата во Бугарија и има контакти со бугарски политичари. Рече дека очигледни се поместувањата во политиките на европските земји кон Бугарија и дека треба дополнително да работиме со цел да ги отвориме преговорите со ЕУ. Посочи дека Бугарите градат лажен национален мит веќе 2 века за тоа дека Кирил и Методиј биле Бугари, а кирилицата била само бугарска азбука. Затоа треба да ги соочиме со фактите дека Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, а за заедничко чествување повеќе да се концентрираме на Климент и Наум кои што ја ширеле кирилицата и во Бугарија.

Остро ја критикуваше честитка од ЕУ комисијата кон Бугарија за кирилицата а со слика од глаголицата и дека недозволиво е за европската Влада да им се случи таков пропуст. Со вакви испади, Богојески тврдеше дека во Македонија се поткопува европската ориентација и дека се’ потешко му е да ги убедува евроскептиците место да се покаже на дело дека за нас најдобра опција е само ЕУ.

Повторно нагласи дека САД се наш најголем стратешки партнер и дека со нивна помош ќе успееме да ги отвориме преговорите со ЕУ. Регионот се стабилизира со нашето членство во НАТО и затоа треба да го препознаеме тој наш стратешки интерес и да не паѓаме во идеолошки замки и да не се вртиме кон муслиманскиот екстремизам и фундаментализам од Блискиот Исток.

Против таквите ко екстремниот пратеник Апасиев, спомна дека треба да се донесе закон за зачувување на државноста и потоа да му се обезбеди државно лекување со цел да не се дозволи такви ликови да ја контаминираат политичката сцена и јавниот дискурс во државата. Мораме активно да се бориме против екстремизмот, фундаментализмот и шовинизмот на секое ниво ако сакаме да имаме напредна и европска држава.