МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БОЈАН МАРИЧИЌ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

0
648

Во текот на вчерашниот ден, министерот за правда оствари работна средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), г. Пеце Грујовски и со други претставници на синдикатот.

На средбата се дискутираше околу потребата од менување на законите за судска служба и јавнообвинителска служба, како и за подобрување на статусот и правата на вработените во судската и јавнообвинителската служба.

Министерот Маричиќ истакна дека синдикатот ќе има отворени порти за соработка во Министерството за правда и дека секогаш ќе настојува да ги подобри условите на вработените во судовите и обвинителствата.

Двете страни се согласија за продолжување на социјалниот дијалог и соработката околу заложбата да се унапредат правата на вработените во судовите и јавните обвинителства.