ГОЛЕМИТЕ МЕДИУМИ ЕУРОЊУЗ И ТРТ СЕ ШИРАТ НА БАЛКАНОТ: ЕУРОЊУЗ ИМА ЕКОНОМСКИ МОТИВИ А ТУРСКИОТ ДРЖАВЕН КАНАЛ ТРТ САКА ДА ОСТВАРИ ПОГОЛЕМО ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ

0
837

Еуроњуз и турската државна телевизија ТРТ ќе го засилат присуството на балканскиот медиумски пазар. Медиумските експерти од регионот гледаат две главни причини зад официјалните планови на двата медиуми: Еуроњуз има економски мотиви и сака да заработи повеќе пари, а турскиот канал ТРТ сака да оствари поголемо политичко влијание.

Во изминатите 15 години, западните гиганти ја намалија својата доминација на Балканот и просторот беше пополнет со турската новинска агенција Анадолу, рускиот Спутник и катарската Ал Џазира. Радио Слободна Европа како медиум финансирано од САД, се’ уште емитува вести на локалните јазици, а Би-Би-Си почна повторно да објавува дигитални вести на српски јазик од 2018 година.

Сега недовербата е насочена кон Турција која го засилува своето влијание со создавање на ТРТ Балкан како продолжена рака на турската државна радиотелевизија, со седиште во Скопје и ќе објавува вести на македонски, босански, хрватски, српски, албански, бугарски, турски и англиски. Ќе има регионална канцеларија во главниот град на Босна, Сараево.

Конкуренција ќе му прави радиодифузерот Еуроњуз со два нови медиумски јазични сервиси: српски и романски. Сега постои само Еуроњуз на албански јазик уште од 2019 година. Балканскиот медиумски пазар се смета дека е нарушен од сомнителна сопственост, широка цензура и силно политичко мешање.