ПРЕРОДБАТА НА РЕЖИМОТ НА ГРУЈО РИКНА : РЕЖИМСКАТА ПРЕРОДБА ТОТАЛНО РОКНА: Запре изградбата на пругата од Битола кон Грција

0
1234

Запреа градежните работите на железничката пругата од Битола кон македонско грчката граница, проект финансиран од ИПА фондовите на Европската Унија, пренесе Телма.

Работниците од педесетина домашни фирми подизведувачи, денеска излегоа на протест, револтирани што конзорциумот кој беше избран на тендер, не им ислпатил ниту денар за сработеното од декември лани.

Долгот до денес изнесува околу еден милион евра, а работниците се одлучија да ги прекинат сите активности откако не беше исполнето ветувањето од изведувачите дека парите ќе ги добијат најдоцна до 28 август.

-Ги стопираме работите и додека не ни се исплатат парите нема да дозволиме да се работи. Ќе ни се приклучат и другите фирми подизведувачи, затоа што денеска ние тука сме мал дел од фирмите, па ќе видиме што ќе се случи понатаму. Имаме поднесено писма до Министерство за транспорт и врски и до Министерство за финансии, но од никаде ништо не сме известени. Од конзорциумот беа дојдени, ни ветија дека ќе платат до 28 август, но не платија. Пак им испративме писмо, одгвор нема, изјави Самир Елмази, подизведувач.

-Ова е меѓународен тендер, каде е државата да си ги заштити своите фирми, своите граѓани. Исто така, зошто Европската унија, која го финансира овој проект, не води сметка како се работи на пругата, каде одат нивните пари. ЕУ треба да си ги отвори очите, а државата да си ги заштити домашните фирми, рече Андреј Димовски, подизведувач.

Носител на проектот е Министерството за транспорт и врски, а од ИПА фондовите на ЕУ одобрени се околу 20 милиони евра. Работите на пругата започнаа на 15 јануари 2015 година, а според предвидената динамика, железничката траса од Битола до Кременица, во должина од 17 километри, требаше да биде готова пред еден месец.

Засега пруга е поставено на само еден километар. Од фирмите подизведувачи велат дека иако средствата се одбрени од европските фондови, досега тие ја финансираат оваа делница. Доколку во наредните неколку дена не си ги добијат парите, ќе ги радикализраат протестите.

-Ќе го блокираме меѓународниот пат кон Грција, кон македонско-грчката граница ако до среда не ни бидат исплатени парите, изјави Лирим Мерсим, подизведувач

Три бугарски фирми и една македонска се изведувачи на проектот, но и покрај обидите денеска од Телма не успеале да добијат одговор од нив зошто не им се платени парите на подизведувачите.

Од Министерството за транспорт и врски, велат дека за проектот што се изведува преку ИПА програмата на ЕУ, Министерството за финансии ги исплатило сите пари на изведувачот за доесга сработеното.

Но, што договорил изведувачот со фирмите подизведувачи, државата не може да се меша, велат од Министертсвото за транспорт и врски.