ОТКАКО ГО НАВРЕДИ БЛАЖЕ КОНЕСКИ ОЧЕКУВАНО БЕШЕ МИЛОШОСКИ ДА НЕ ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

0
1136

Пратеникот Антонијо Милошоски, за кого медиумите претходно пишуваа дека македонскиот лингвистист Блаже Конески во 2011 година го нарекол „џуџето од Небрегово“, не гласаше за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик во Собранието.

Тој е еден од 36-те пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница во Собранието кои не дадоа поддршка за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се и: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Олга Лозаноска, Рашела Мизрахи, Стојан Миланов, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Александар Николоски, Ели Панова, Златко Пенков, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Бране Петрушевски, Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, Ѓорѓија Сајкоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иван Стоиљковиќ, Синиша Стојановски, Бојан Стојаноски и Велика Стојкова-Серафимовска. За Законот за македонскиот јазик не гласале ниту пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.

Законот се заснова на следниве цели: – Подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; – Афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; – Почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.Претходно министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека првото читање за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа поминало во пријатна атмосфера и се надминале пречките што постоеле во таа комисија.