ДАЛИ Е КОРУМПИРАНА ДАНИЕЛА НИКОЛОСКА ДИРЕКТОРКАТА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА И САМОБИТНОСТ?!? ИМА И КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДРУГИ ЗЛОУПОТРЕБИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА?!

0
1174

Даниела Николова, директор на Музеј на македонската борба и самобитност, се соочува со сериозни обвинувања за нејзина злоупотреба на функцијата и овластувањата.

Едно од обвиненијата според поднесената кривична пријава е издавање под наем на сала но и други службени простори без надомест,но и без соодветен договор и согласност од управниот одбор на музејот, за ова немала ни соодветно мислење или одобрение од министерството за култура.

Исто така, постојат сомневања и за тековен прилив на пари од невидливи влезници и фиктивни договори за соработка со здруженија и физички лица. Oвие и други сомнителни злоупотреби ги засилуваат сомнежите за нејзино против законско финансиско работење што секако буди сомнеж во јавноста и медиумите.

Како дополнување околу обвиненијата се и давањето на тагови за паркирање на паркингот од музејот на трети лица,кои не се вработени во музејот, без одобрение на управниот одбор дополнително го нагласува неодржливиот начин на водење на музејот.

Овие обвинувања од страна на неколку наши извори предизвикаа детална истрага и соодветни правни мерки за заштита на интегритетот на институцијата и одговорноста на носителот на јавната функција,директор на Музејот на македонската борба од страна на надлежните институции.