36 ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

0
849
Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Олга Лозаноска, Рашела Мизрахи, Стојан Миланов, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Александар Николоски, Ели Панова, Златко Пенков, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Бране Петрушевски, Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, Ѓорѓија Сајкоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иван Стоиљковиќ, Синиша Стојановски, Бојан Стојаноски и Велика Стојкова-Серафимовска. За Законот за македонскиот јазик не гласале ниту пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.

Претходно министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека првото читање за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа поминало во пријатна атмосфера и се надминале пречките што постоеле во таа комисија.

-Сите политички партии го поздравија носењето на ваков закон. Го должиме како генерација и како политичари на оваа држава. Ги нотиравме природните промени на јазикот и тие треба да се пресликаат онака каква што е реалната состојба, рече министерката во телевизиско гостување.

Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик властите влегоа во процес на дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што наведуваат предлагачите, односно Министерството за култура, ова е сеопфатно законско решение преку кое ќе биде отсликана реалната состојба со променливата природа на јазикот, а секоја институција ќе биде задолжена да го применува стандардниот јазик. Законското решение во моментов е во собраниска процедура и неочекувано за досегашната практика, начелно добива поддршка од сите политички партии.