НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ИМ СЕ ПОГОДИ НА ВМОРОНИТЕ, МОМИРОСКИ: ПИШУВАМ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ 25 ГОДИНИ, А ФИЛИПЧЕ СЕГА МИ ДАВА ВАКЦИНА СПУТНИК

0
217

Во емисијата “Само вистина” гостуваше опозицискиот новинар Горан Момироски против левичарскиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
Уште од самиот старт, Момироски почна да одработува партиска агенда на ВМРО-ДПМНЕ и да реди партиски спинови и црна пропаганда против СДСМ, но и со примитивни ад хоминем напади го навредуваше Јовановиќ.
Го обвинуваше соговорникот дека бил крив затоа што гласал на референдум за географската одредница и поради тоа, од своја страна имал право да го именува со името Неџат место Ненад релативизирајќи дека не е тоа никаква разлика.
Момироски го обвини соговорникот дека барал работа и за себе и за неговата сопруга иако уставна категорија е дека секој има право да работи легално и да заработува за живот и за себе и за својата фамилија. Но спорно му било тоа што Јовановиќ барал помош и од СДСМ Кавадарци за неговата сопруга да се вработи во ХЕЦ Тиквеш, а самиот тој да биде хонорарно ангажиран во општината Кавадарци бидејќи таму бил изгласан Митко Јанчев со поддршка на десничарски гласови. Како контратеза, Јовановиќ возврати дека да бил вмровски платеник ко Момироски и да се согласувал со режимската матрица на Груевски, самиот тој ќе бил министер а неговата сопруга, директорка во златната кокошка Телеком.
Момироски почна да пропаѓа сѐ подлабоко со спинови за наводната неспособност на министерот за здравство, Филипче. Прво тврдеше дека немало доволно вакцини поради неспособноста на СДСМ, премиерот Заев и министерот Филипче, а потоа се жалеше дека му била дадена вакцина Спутник кога отишол да се вакцинира како дел од приоритетната група на новинари.
Да потсетиме дека Владата има нарачано 2,6 милиони вакцини и воопшто не е крива за тоа што вакцините доцнат поради неповолната ситуација на светско ниво каде што најмногу вакцини завршија кај најбогатите земји а солидарниот механизам Ковакс доцна проработи и со мала расположлива количина на вакцини за сите други земји.