МИЛОШОСКИ БАРА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНКОЛОГИЈА ОД ЕКС МИНИСТЕРОТ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

0
279

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Онкологија денеска ги почна новите 30 дена мандат, во кои ќе треба да ги анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на околу 60 сведоци кои изминатите 30 дена беа сослушувани во Собранието. Пратениците од власта и опозицијата имаат различни ставови околу тоа која е нивната задача во дополнителниот рок во кој се разгледува документацијата.