УЖАС ВО УНГАРИЈА – ГОЛЕМ ВЕРИЖЕН СУДИР ВО БУДИМПЕШТА НА 42 ВОЗИЛА, 36 ПОВРЕДЕНИ ОД КОИ 13 ПОТЕШКО

0
493

Вкупно 42 возила од кои пет камиони и 37 автомобили учествувале во голем верижен судар што денеска се случил на автопат кој води до главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Според информациите кои ги објави унгарската телевизија РТЛ, при судирот биле опожарени 19 автомобили, едно комбе и кабината на возачот на еден од камионите кои учествувале во сударот.

Во гасење на пожарот и пребарување на автомобилите учествувале околу 70 пожарникари од седум градови.

Во масовната несреќа, повредени се 36 лица, од кои 13 потешко. Еден од повредените е во животна опасност и е пренесен в болница.

Неколкумина од повредените од местото на несреќата биле пренесени во болница со хеликоптер на Итната медицинска помош.

Се претпоставува дека причина за несреќата бил силен ветер кој со себе носел прашина и со тоа го отежнал гледањето на возачите, но засега нема официјална потврда за ваквите наводи.