БОГОЕВ : ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ ДОГОВАРАЛ СО КАСАМИ ЗА НЕГОВАТА ИДЕЈА ЗА ПРОМЕНА НА ХИМНАТА И ЗНАМЕТО

0
386

Богоев го постави прашањето алудирајќи на вчерашната изјава на лидерот на Христијан Мицкоски дека по следните избори, ДУИ ќе замине во опозиција, а како можен коалиционен партнер доколку победи ја спомна албанската опозиција, во чии редови е и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.

„Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно, според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал. Нашата посакувана опција е таканаречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција“,рече Мицкоски.Мицкоски е убеден дека по следните избори ДУИ ќе заврши во опозиција

Ден пред изјавата на Мицкоски, токму Касами во гостување на ТВ Сител, кажа дека ако од граѓаните се бара да ги почитуваат националните симболи, тогаш и државата треба да ги почитува своите граѓани и да ја рефлектира мултиетничката реалност односно дека треба да се донесе законско решение со кое државната химна и останатите национални симболи ќе ја рефлектираат, како што вели, реалноста во државата и ќе ги почитуваат сите етнички заедници.

Во спротивно, според Касами, доколку се интонира химната која етничките Македонци ја чувствуваат за своја, тогаш во општините со мнозинско албанско население треба да биде дозволено и интонирање на националната химна на Албанија која, како што вели, етничките Албанци ја чувствуваат како своја.

„Моите постапки се согалсно барањата на Албанците и тоа утре сакам да биде решено со закон како што е решено во делот со знамето. Сè додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на Македонците, а не се однесува на граѓаните односно на Албанците, на Турците и на другите етнички заедници, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна. За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна. Во овој дел мора да разјаснам, ние не сме против химната да се однесува на Македонците, но треба да се однесува и на Албанците“,изјави Касами во гостувањето на ТВ Сител.

Прашан дали смета оти националното знаме ја рефлектира, како што вели и самиот, реалноста во земјава, Касами оцени дека знамето е неутрално во однос на етникумите во државата, но како што рече, поради процесот во кој е донесено предизвикува отпор и кај другите етникуми.

„Знам дека и дел од Македонците не го чувствуваат како свое знаме затоа што беше наметнато во процесот на преговори со Грција. Ако бараме симболите на државата сите да ги почитуваат, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани. Државата треба да рефлектира на мултиетничката реалност во државата“,додаде тетовскиот градоначалник.Касами посочи дека во иднина по ова прашање би сакал да се отвори јавна дискусија за, како што вели, да се дојде до ситуација кога сите народи во државата ќе ја чувствуваат како своја и ќе придонесуваат во неа.