МУХИ ЗЕКИРИ: Џафери и ДУИ да и објаснат на јавноста зошто го спасија Вељаноски, ама барем јавноста им го виде правото лице, готови се!

0
1213

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, испрати прашања до ДУИ и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со вчерашната седница каде не им беше овозможено на пратениците да се произнесат за барањето на судот да му биде симнат имунитетот на Вељаноски.

„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!…
Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…
Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста упте еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = …“, напиша Зекири.