МЕТЈУ ПАЛМЕР ИМ ГИ ИСТЕГНА УШИТЕ НА ДУИ И ИМ УКАЖА ДА НЕ ИМ ПАДНЕ НА ПАМЕТ ВЛАДА СО ВМРО-ДПМНЕ : САД очекуваат Влада која ќе ја води Северна Македонија напред кон ЕУ

0
1096

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон, пренесува македонската редакција на Гласот на Америка.

-Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија, рече Палмер.

САД, додаде, очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

-Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија, потенцира Палмер.

Тој нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моменталното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели.