Една интересна анегдота од животот на Стево која ќе ви долови каква длабока и топла душа има нашиот иден претседател

0
1705

Беше 2012-та година. Бевме сместени 10 души на онкологија на Клинички, сите бевме под тешка хемотерапија, се боревме со тешки водови на рак, сите се боревме со смртта, еден од нас умираше на секој десетина дена. Моралот ни беше на нула, море во минус.

Сите бевме преплашени. Имавме од 30 па до 70 години. Процентот на успех на хемотерапијата беше едвај 30 посто, значи нема ниту пола пола, туку ептен ако имаш среќа ќе се спасиш и пак ќе живееш.

Еден ден донедоа една бабичка. Ја донесе нејзиниот син и снаа. Беа тоа Стево и Бети.

Стево го знаевме од телевизија, знаевме дека е професор и политички аналитичар. Не очекувавме од него ништо, дури мислевме дека бргу ќе го снема, ретки беа таквите што сакаа да останат во наше друштво, сите бевме жални за гледање, без коса, слаби ко костури само коски и кожа, сите офкавме и плачевме и дење и ноќе.

Стево не изненади, ќе останеше со часови со нас, ни раскажуваше разни вицеви, не бодреше, ни го креваше моралот. И така со денови.  Ни ставаше сок во чашка, викаше сестри ако некој од нас му истекла инфузија, ни местеше јастуци, не поткреваше, ни купуваше весници. Почнавме да го очекувавме кога ќе дојде, да гледаме на саат. Тоа што беше позната јавна личност некако особено ни годеше кога ни правеше друштво. Не бевме толку депресивни и осамени и песимисти со него…

За негова среќа, неговата мајка брзо се спаси од канцерот па Стево не напушти. Ние останавме да се бориме со нашата мака. Мило ни беше за Стево, но ни недостигаше, се навикнавме на неговото пријатно присуство тој еден месец. После неколку недели и јас се спасив од ракот и ме пуштија. Јас бев најмладиот таму, само 31.

Ми остана сеќавањето на Стево, професорот и политичар со големо срце. Можеби и неговото бодрење и вицевите ми помогнаа да се спасам.

Потоа разбрав дека во 2014-та неговата мајка пак заболела од рак и починала во сред кампања кога тој прв пат се кандидираше.

Сакав оваа приказна да се дознае, затоа го контактирав Мактел, но сакам да останам анонимен.

Инаку, да, јас ќе гласам за Стево, знам дека е обичен скромен човек со добра душа. Но и многу умен и образован и ќе мисли на народот кога ќе носи одлуки.