Новата Влада на СДСМ ќе има помал број министри, а ќе обезбеди повеќе и подобри услуги за граѓаните

0
875
СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација.
Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и  рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните.
Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните
Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.
Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.