ПОРАДИ ПРИРОДАТА НА РАБОТАТА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ СЕ ПРВИ НА УДАР ДА СЕ ЗАРАЗАТ: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

0
665

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому – Петре Шилегов на плоштадот Македонија во Скопје – (Фото: СДК.МК)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е позитивен на КОВИД-19.

Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека откако вчера имал покачена температура, се тестирал и денеска ги добил резултатите дека е позитивен.

„И покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од КОВИД-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, вели Шилегов.