МВР СО ДЕМАНТ : АПАСИЕВ ГИ ЛАЖЕ ГРАЃАНИТЕ

0
1932

Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев, се наведува во демантот на МВР.

По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна.

Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција. Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните.