СИНОТ НА МИТКО ЧАВКОВ НАМЕСТО ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА ВОЗИ МОТОР ВО ПРИЛЕП БИДЕЈЌИ ЗНАЕ ДЕКА ПРОТЕСТОТ Е ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ, НЕ ЗА ТАТКО МУ И ДРУГИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

0
2369

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица највеќе се очекуваа роднини на затворениците како нивна поддршка, едни од нив секако требаше да бидат и семејството на екс министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој доби 18 години затворска казна поради организирање на крвавиот 27-ми април.

Неговиот син Иван Чавков денес во Прилеп беше присутен на мото крос настан каде си вози мотор, додека во Скопје се организира протест наводно за слобода на неговиот татко, Митко Чавков и за другите затвореници од настанот на 27-ми април.

Иако се организира протестот неговите деца знаат дека овој протест е за Орце Камчев, не за оние кои ВМРО-ДПМНЕ ги насанка со 211 години затвор и не за оние за кои е најавен протестот бидејќи истите знаат дека за ова дело нема помилување т.е. за казна повисока од 5 години нема помилување според КЗ.