ОЛИГАРХОТ КАМЧЕВ ПОНУДИ ГАРАНЦИЈА ОД ОКОЛУ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ИМОТ И КЕШ ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА ПО ВТОР ПАТ ГО ОДБИ

0
1083

Олигархот Орце Камчев обвинет во случајот “Плацеви на Водно” ќе остане во притвор во Шутка иако понудил гаранција од 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш. Пред 2 дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор.

Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега. Барањето за поблага мерка, судот го оценил како неоснован, затоа што присуството на обвинетиот претставува услов за брзо, непречено и ефикасно спроведување на постапката.

Камчев понудил вкупно 6 недвижности меѓу кои и куќата во Бардовци, фабриката на КАРА во Делчево и 4 големи плацеви градежно земјиште во Скопје и Маврово а понудил и 400 илјади евра во кеш.