ЛУДАК АМЕРИКАНЕЦ ИЗБОДЕЛ СО НОЖ ШЕСТ ЧЛЕНА ОД СОПСТВЕНОТО СЕМЕЈСТВО ДОДЕКА СПИЕЛЕ

0
765

Маж избодел шест членови на семејството додека спиеле во куќа во Филаделфија, пред да биде уапсен во близина, јавува Асошиејтед прес, повикувајќи се на полициско соопштение.

Полицијата наводно реагирала околу 4 часот и нашла шест лица со убодни рани.

Три жени се хоспитализирани во критична состојба, додека двајца мажи и жена се во стабилна состојба, соопштила полицијата.Меѓу најтешко повредените е 49-годишна жена за која полицијата тврди дека била избодена неколку пати во вратот, главата и грбот.

Осомничениот напаѓач, кого полицијата го опишува како 29-годишен маж кој живеел во куќата, бил пронајден облеан во крв со расекотини на рацете неколку блокови подалеку, по што бил пренесен на лекување во болница.

Жртвите биле на возраст од 26 до 57 години, соопштила полицијата.