МАРИЧИЌ : КОРИСТЕЊЕТО НА ИПА ФОНДОВИТЕ КЛУЧНО ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА РЕФОРМИТЕ И РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ

0
426

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.

Според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат Скопскиот регион со 44.959.852,53 евра, Југоисточниот регион со 42.353.627,60 евра, па Источниот кој има 37.079.873,71 евра, во Североисточен регион 34.418.739,01 евра, во Југозападен регион 31.171.375,34 и 29.044.517,85 евра во Полошкиот регион        Граѓаните на земјите членки на ЕУ со тоа покажуваат за степенот на свест и желба за придонес кон земјите кандидати за влез во Европската Унија. Одговорноста и детерминираноста која ја покажуваат нашите европски стратешки партнери треба да се сфатат сериозно. Превземањето одговорност од наша страна е и еден од најважните чекори за успешна реализација на евроинтегративниот процес, а тој се реализира преку свесно превземање на обврските и фокусирана работа од наша страна“- стои во објавата на вицепремиерот.  

Според Маричиќ „Сè зависи од нас, од нашите капацитети. Тој е убеден дека заеднички, ја имаме моќта да ја трансформираме оваа држава во уште поубаво место за живеење со помош и соработка на сите земји членки на Унијата.   

Нашата цел е комплетна евроинтеграција, влевање на уште поголеми средства за подобрување на животот во нашата држава во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина, образованието, трудот и социјалната политика, културата, дигитализацијата на општеството и се тоа во една безбедна, регулирана и легално систематизирана средина“-пушува во Фејсбук објавата.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ додава дека фондовите и средствата кои се инвестирани во Северна Македонија доаѓаат од сите земји членки на ЕУ, пари кои се влеваат во фондовите директно од плаќањето на даноците во Унијата.