ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОО СДСМ ПРИЛЕП ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ КАРПАЛАК ПО ПОВОД 22 ГОДИШНИОТ МАСАКР КАДЕ ВО ЗАСЕДА ПОГИНАА 10 ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ

0
521
Делегација на ОО СДСМ Прилеп предводена од претседателот Зоран Пачешкоски, секретарот Мики Крстев, пратеникот Миле Талевски и претседателката на форумот на жени Оливера Костадиновска оддадоа почит и положија свежо цвеќе на споменикот Карпалак по повод 22 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили.

ОО СДСМ Прилеп им оддава највисока почит на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Споменот на десеттемина наши сограѓани, кои на 8 август 2001 година ги положија своите животи на браникот на слободата и во одбрана на интегритетот и суверенитетот на татковината, вечно ќе остане во нашите срца.

Херои, нека ви е вечна слава!